Брза отворена пита со топено сирење и маслинки
Состојки
- За тесто
- 100 мл јогурт
- 50 мл вода
- 5 супени лажици маслиново масло
- на врв на лажичка сув квасец
- 1 пециво
- околу 300 гр брашно
- За фил
- 6 парчиња топено сирење
- 100 гр сирење
- 2 полни лажици кечап
- 5 зелени маслинки
- 1 пиперка
- 1 лажица диво оригано
- 1/2 кафена лажица лук во прав
Подготовка
Превкусна пита, готова за околу 15 минути!
- Замесете тесто од наведените состојки. (Ова тесто нема потреба да стасува)
- Со помош на оклагија направете ја формата на питата, потоа со рацете превиткајте ги краевите.
- Внатре прво премачкајте со кечап, потоа додадете рендано сирење, сецкани парчиња топено сирење, сецкани маслинки, сецкани пиперки и одозгора ставете оригано и лук во прав.
Печите на 200 степени околку 10 минути
Добар апетит