Испечати

Брза чоколадна мус торта (без печење)

Брза чоколадна мус торта (без печење)

Состојки

  • 300 грама какао бисквити
  • 125 грама путер
  • 100 мл млеко
  • 300 мл слатка павлака
  • 200 мл слатка павлака
  • 400 грама темно чоколадо

Подготовка

Какао бисквитите се мелат се додава растопениот путер и млекото.
Се заедно се меша.
Во калап со механизам бр. 24 се нанесува смесата и се моделира.
Чоколадото се топи на пареа, откако ќе се стопи се додаваат 300 мл слатка павлака се заедно се меша на оган, пред да зоврие се трга и се остава да се олади.
Останатите 200 мл слатка павлака се матат во неа се додава оладената слатка павлака и чоколадото, рачно се меша.
Вака оладениот мус се истура преку подлогата од бисквити.
Се остава во фрижидер околу 4 часа.
Се декорира по желба.
Пријатно јадење