Испечати

Tорта со кокос и ореви (посно, веган, без печење)

Tорта со кокос и ореви (посно, веган, без печење)

Состојки

  • За подлога
  • 200 гр суви кајсии
  • 200 гр суви сливи
  • 50 мл црно кафе
  • 2 лажици кокос
  • 100 гр мелени ореви
  • 2 лажици какао
  • За фил
  • 400 гр мелени ореви
  • 200 мл млеко од кокос
  • 1 ванила
  • 100 мл мед
  • 150 гр вишни

Подготовка

За подлога
Сувите кајсии и сувите сливи попарете ги со жешка вода. Оставете ги 10 минути.
Со машина за мелење измелете суви сливи и суви кајсии, додајте мелени ораеви, кокос, какао и кафе. Со рака замесете смесата.
Подлогата ставете ја во калап за торта покриен со фолија.
Ставете го во фрижидер да се стегне. Додека ќе направете фил.
За фил
Во мелените ореви додајте ванила, млеко од кокос и промешајте. Додајте вишни.
Врз подлогата ставете од филот и ставете во фриждер да се стегне. Одозгора украсете со какао и грозје.
Добар апетит!