Шербет колачиња со цимет и ореви (посно, веган)
Состојки
- За тесто
- 2 чаши масло
- 1 чаша топла вода
- 1 сув квасец
- 10 гр дмБио пециво
- 2 лажици дмБио какао
- 750 гр брашно
- Дополнително
- 300 гр ореви
- 20 гр цимет или по вкус
- За шербет
- 400 мл вода
- 400 гр шеќер
Подготовка
За љубителите на ореви и цимет еве уште еден рецепт за вкусни шербет колачиња со какао....
Подготовка
1. Најпрво го подготвуваме шербетот. Шеќерот и водата ги вриеме на тивко околу 10 минути. Го оставаме да се излади.
2. Се замесува тесто од сите состојки па се земаат парчиња од тестото. Се прават топчиња кои ги расплескуваме, во средина им ставаме јатка од орев и ги затвораме. Ги роламе помеѓу дланките и ги ставаме во тавче.
3. Ги печеме на 200 степени во загреана рерна околу 15 минути.
4. Ги ставаме топли во ладен шербет па ги валкаме во мелени ореви во кои сме ставиле цимет.
Забелешка
Чашата е од 240 мл . Внимавајте да не ги препечете, секоја рерна различно пече...