Испечати

Мафини со џем од шумско овошје и ореви (посно, веган)

Мафини со џем од шумско овошје и ореви (посно, веган)

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 2 лажички пециво дмБио
  • 150 гр шеќер
  • 180 мл кисела вода
  • 125 мл масло
  • 3 полни лажици џем од шумско овошје
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1 лажица шеќер со вкус на ѓумбир и портокал
  • 50 гр сечкани ореви

Подготовка

Мирисни и вкусни посни мафини кои навистина не заблажија за време на Богородичниот пост...

Подготовка
1. Брашното, шеќерот и пецивото ги соединуваме па ги додаваме влажните состојки, маслото, џемот и киселата вода.
2. Ги додаваме шеќерот со вкус на ѓумбир и портокал, ренданата кора од лимон и ја соединуваме смесата со лажица.
3. На крајот ги додаваме и сечканите ореви, промешуваме.
4. Смесата ја распоредуваме во хартиени калапи за мафини, а во секое калапче може да се додаде по една лажичка дополнително од џемот.
5. Ги печеме на 180 степени во загреана рерна околу 20 минути, а дали се печени проверуваме со чепкалка, ако е сува, печени се.
6. За декорација ги посипуваме со шеќер во прав и свежи бобинки....или по желба.