Плескавици со наут, биено сирење и тиквичка
Состојки
- 200 гр наут од конзерва
- 100 гр биено сирење
- 1/2 тиквичка
- 3 јајца
- 2 лажици брашно
- 1/2 кафена лажица лук во прав
- 1/2 кафена лажица црн пипер
- сол по потреба
- мешан сув зачин по потреба
Подготовка
Подготовка
Наутот изблендирајте го и ставете го во подлабок сад.
- Во истиот сад изрендајте ги биеното сирење и тиквичката. Додадете ги јајцата, брашното, лукот и останатите зачини и промешајте убаво, да добиете еднолична смеса.
- Од оваа смеса формирајте плескавици и пржете ги од двете страни, во тавче со малку масло.
Добар апетит