Испечати

Банана леб (посно, веган)

Банана леб (посно, веган)

Состојки

  • 180гр брашно
  • 4гр прашак за печиво
  • 1лажиче цимет
  • 3 пире од 3 зрели банани
  • 75мл маслиново или ладно цедено сончогледово
  • 75мл кокосово млеко дмБио
  • 80гр нерафиниран кафеав шеќер
  • 1лажичка сок од лимон
  • 50гр сецкани на крупно ореви плус за одозгора

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180.
Калап со димензии 18х6 нанесете хартија за печење.
Во сад прво измешајте ги сувите состојки, во друг водените состојки, потоа оревите матејки со маталка цело време.
Ставете ја смесата во калапот декорирајте по желба (јас ставив по половина надолж пресечена банана и цели ореви)
печете 60-70мин.
Пред сервирање оставете да се олади целосно.