Испечати

Луд чоколаден колач (посно, без миксер)

Луд чоколаден колач (посно, без миксер)

Состојки

  • 1 и 1/2 чаша брашно (250 мл)
  • прстофат сол
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 3 лажици какао дмБио
  • 1 чаша шеќер
  • 1 лажица киселина
  • 5 лажици масло
  • 1 чаша вода
  • 2-3 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 помали банани
  • чоколадо дмБио за одозгора

Подготовка

Се воодушевив и од начинот на подготовка, но и од вкусот. Нема миксери, нема вангли, сите состојки се ставаат во тавата во која ќе се пече, се меша и готово.
Едноставно, брзо, но и многу вкусно посно благо.
Бананата ја немаше во оригиналниот рецепт, но мислам дека не погрешив што ставив.
Во тавата во која ќе печите ставете ги сите суви состојки, а врз нив течните. Јас бананите ги изгмечив со виљушка и заедно со водата ги прелив врз брашното. Убаво измешајте и печете на 180 степени, отприлика триесетина минути. Проверете со чепкалка.
Одозгора премачкајте со чоколадо.