Испечати

Кукис од леблебија (наут)

Кукис од леблебија (наут)

Состојки

  • 300 гр дмБио леблебија
  • 1 портокал
  • 6 лажици мед
  • 3 лажици путер од кикиритки
  • 50 гр сникерс кикиритки
  • 2 лажици дмБио какао
  • 50 гр темно чоколадо со 70% какао

Подготовка

Одлична здрава варијанта на колачиња кои потсетуваат на познатите кукис.

1. Портокалот го цедиме. Темното чоколадо го сецкаме на мали коцки. Кикиритките ги потпекуваме во рерна и откако ќе се изладат кратко ги блендираме , да останат покрупни парченца. Леблебијата ја чистиме од лушпите.
2. Во процесор за храна ги ставаме дмБио леблебиите, ги ситниме . Ги додаваме медот, путерот од кикиритки, дмБио какаото и сокот од портокал, блендираме да се добие хомогена смеса. Смесата ја ставаме во длабок сад.
3. Во садот со смесата ги ставаме кикиритките и сецканото темно чоколадо. Промешуваме со лажица. Со рака правиме топчиња , нежно ги сплескуваме и редиме на плех обложен со хартија за печење.
4. Печиме во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути. Зависно од рерната ќе ги проверувате, може времето да биде пократко или подолго, ќе внимавате да не ви изгорат, треба да се потпечат да бидат крцкави.