Полнети модри патлиџани (посно)
Состојки
- Состојки
- 2 модар патлиџани
- 1 главица кромид
- 1 пиперка
- 1 морков
- 300 гр пченка
- 200 гр доматно пире од ДМБио
- 1 домат
- Потребно е уште свеж босилок,сол,маслинов зејтин
Подготовка
Едноставен, посен летен ручек. Прво модрите патлиџани ги миеме, им ги отстрануваме дршките и ги сечеме по должина секој на два дела. Ги издлабуваме им ја вадиме внатрешноста, ги посолуваме, ставаме малку зејтин и ги ставаме да се печат во рерна на 180 степени околу 15 минути колку да омекнат. За тоа време на тава запржуваме кромид, пиперка и морков. Потоа го додаваме и внатрешниот дел од модриот патлиџан исечен на коцки. Повторно запржуваме и ја додаваме и пченката. Посолуваме, додаваме свеж исечен босилок и накрај го додаваме и доматното пире од ДМБио. Со ова ги полниме малку запечените модри патлиџани. Одозгора ставаме кругови од исечен домат, врз нив босилок и ги враќаме во рерна уште 20 минути.