Лисичарки на гурмански начин
Состојки
- 500гр лисичарки
- 2-3 чешниња лукче
- 1парче кромитче
- 5-6 шампињони
- 1 лажица путер
- 1 гранка магдонос
- 1лажица зачини, сол, црн бибер, црвен пипер
- 2-3 лажици сос од патлиџани
- 1/2 чаша вода
- 250 мл павлака за готвење
Подготовка
Како голем обожавател на печурките, денес ќе ви подготвам лисичарки.
Препорчливо е најмногу два пати во неделата да се конзумираат, не повеќе за да не се оптовари желудникот.
Ајде да зготвиме....
Прво ќе ги измиеме убаво, а потоа ќе ги ставиме во сад со посолена вода да зовријат еднаш,да падне се што е вишок од нив.
Во тава на оган запржуваме лукче,кромитче и неколку шампињони на парче путер.
Додаваме и магдонос .
Зачинуваме со сол,бибер и црвен пипер,па додаваме сос од патлиџани.
Пржиме малку па ги додаваме лисичарките кои претходно ги исцедивме од водата.
Додаваме и малку масло.
Оставаме да покрчка на тивко додавајќи пола чаша вода.
Пред крајот кога е се готово,додаваме павлака за готвење и промешуваме.Оставаме уште минут до две.
Ставете си чаша бело вино и седнете.Овде љубителите на печурки,нема да останат рамнодушни.