Веган намаз со тиквичка и индиски оревчиња (посно)
Состојки
- 1 тиквичка
- 3 лажици маслиново масло ДМ био
- 1/2 чешне лук
- прстоват сол
- 2 лажици сок од свежо цеден лимон
- 50гр индиски оревчиња Дм био
- 1 гранче ливчиња од нане
- прстофат бибер
Подготовка
Превкусен лесен намаз кој може да се послужи со домашни посни брускети.
Најпрво ја сечеме на тенки ленти тиквичката, ја печеме на скара и малку ја посолуваме. Во меѓувреме го цедиме лимонот, исто така го чистиме и сецкаме лугот, и ливчињата нане.
Штом се подоладат тиквичките се додаваме во блендер и мешаме додека не добиеме убава смеса.