Испечати

Чоколадни мафини со тиквичка и цимет

Чоколадни мафини со тиквичка и цимет

Состојки

  • 2 јајца
  • 2 лажици мед
  • 100гр кафен шеќер
  • 1 лажиче цимет
  • 1/2 лажиче пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 100гр тути-фрути млечно чоколадо
  • 100гр бело брашно
  • 80гр ржано брашно
  • 200гр рендана тиквичка
  • 1 лажиче какао
  • 80мл масло
  • 70мл јогурт
  • некое зрно сол

Подготовка

Кревки, вкусни, ароматични...
Моја препорака да ги подготвите

Во еден сад измешајте ги двата вида брашно, сол, цимет, какао, сода бикарбона и прашок за пециво.
Во друг сад ставете ги јајцата со шеќерот и матете се заедно околу две минути. Полека додадете масло и промешајте
Потоа додадете јогурт, мед и измешајте се убаво
Додадете ги тиквичките (исцедете ги малку), .
Додадете ги сувите состојки и промешајте со најмала брзина на миксерот и на крај додадете го растопенато чоколадо.
Смесата распоредете ја во калапи за мафини и печете ги на 180 с околу 20-25 минути
Сервирајте ги со поладневно кафе.