Орео-шумско овошје чизкејк (без печење)
Состојки
- основа
- 200гр мелени орео кекси
- 60гр путер
- 1лажица шеќер во прав
- 1лажица кисела павлака
- Крем од шумско овошје, маскарпоне...
- 1 пудинг од шумско овошје
- 300мл млеко
- 2-3лажици шеќер
- 125гр маскарпоне
- 1 овошен јогурт од малина, или јагода, боровинка..
- 1лажица шеќер во прав
- 1 кесе желатин, 10гр
- 3лажици ладна вода
- Прелив-ганаш
- 100гр млечно чоколадо
- 120мл слатка павлака
- декорација
- мелени фстаци, златни шеќерни трошки, ливчиња мента, замрзнати јагоди, малини...
Подготовка
Десертов е вистинска хармонија на вкус, а исто така ме освои и со неговиот прекрасен изглед, односно спојот на бои.
Овој чизкејк е совршен за жешки летни денови бидејќи не се пече, но убаво освежува.
Совршено се топи во устата, бидејќи е кремаст и пенаст.
Користев калап бр 17 со обрач, но може да се подготви и во калап бр 20 на делимано, со тоа што десертот ќе биде малку понизок.
Подготовка
Во сад ги соединуваме мелените орео кекси, растопениот путер, киселата павлака и шеќерот во прав.
Убаво соединетата маса ја нанесуваме во калаапот со обрач и убаво ја распоредуваме.
Во касерола ставаме ладно млеко, шеќер, прашок за пудинг.
Промешуваме за да нема грутчиња и ја стаавме касеролата на тивок оган да се вари.
Постојано мешаме и вариме до згуснување.
Пудингот го покриваме со прозирна фолија за да не фати коричка.
Во сад го ставаме маскарпонето, шеќерот во прав и овошниот јогурт.
Соединуваме убаво со миксер.
Во мал сад го ставаме желатинот и водата, за да набабри.
Потоа на тивок оган го загреваме, да се растопи.
Во садот со маскарпонето го додаваме изладениот желатин и изладениот пудинг.
Соединуваме со миксер.
Смесата ја нанесуваме врз основата од орео кекси.
Оставме во фрижидер да одстои 30 минути.
Во касерола ја загреваме слатката павлака.
Го додаваме искршеното млечно чоколадо и енергично промешуваме.
Оставаме ганашот да се излади, а потоа многу кратко го матиме со миксер, да добиеме малку на волумен.
Го прелеваме ганашот врз розовиот крем во калапот.
Оставме во фрижидер 30 минути.
Потоа го одстрануваме обрачот, чизкејкот го декорираме со малку мелени фстаци, златни шеќерни трошки, ливчиња мента, замрзнати јагоди, малини...
Сечеме парчиња и може да го послужиме самостојно или со топка сладолед од шумско овошје.