Испечати

Триаголници со сланина, павлака и печурки

Триаголници со сланина, павлака и печурки

Состојки

  • За тесто
  • 300 гр брашно
  • 1 кафена лажица сув квасец
  • 1 кафена лажица сол
  • прстофат шеќер
  • 150 мл млако млеко
  • 30 мл маслиново масло
  • За полнење
  • 150 гр сланина
  • 100 гр павлака
  • 100 гр печурки
  • За премачкување
  • 2 жолчки

Подготовка

Подготовка
- Во длабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте, потоа додадете ги и течните состојки и замесете меко тесто, кое нема да ви лепи на рацете.
- Садот покријте го со фолија и оставете да одмори околу 30 минути.

Тестото расукајте го во голема кора и исечете го на коцки. Во секоја коцка ставете сецкана сланина, павлака и сецкани печурки и преклопете, за да биде во форма на триаголник. Одозгора исечите ги со нож на неколку места.
-Триаголниците наредете ги во тава за печење и премачкајте ги со жолчка.

Печите на 200 степени околу 20 минути.

Добар апетит