Брзи зачинети кифлички
Состојки
- За тесто
- 150 мл млеко
- 50 гр путер
- 1 јајце
- 1 пециво
- 1/2 кафена лажица сол
- околу 350 гр брашно
- За премачкување
- 2 жолчки
- 1/2 кафена лажица кари
- 1/2 кафена лажица шарена (толчена) сол
- сусам по потреба
Подготовка
Превкусни, ароматични, многу меки...
Подготовка
Во длабок сад ставете ги просеаното брашно и пециво, солта, путерот (исецкан на ситно). Промешајте со рака, потоа додадете го изматеното јајце и млекото.
Замесете меко тесто, нелепливо.
Од тестото направете топчиња и секое топче расукајте го и исечете триаголници, а потоа моткајте ги во форма на кифлички. Наредете ги во тава за печење.
Премачкајте ги со жолчка, кари и толчена сол. Одозгора ставете сусам.
Печите во загреана рерна на 200 степени околу 20 мин
Добар апетит
Забелешка
- По желба може да им ставете фил, со кајмак, сирење, кашкавал или нешто друго, но и вака се превкусни!