Испечати

Салата со пченка

Салата со пченка

Состојки

  • 1 филџан варена пченка
  • 1 краставица
  • 1 црвен домат
  • 1/2 розов кромид
  • 1 китка магдонос
  • неколку ливчиња босилек
  • сол, маслиново масло, копар, јаболков оцет/сок од лимон

Подготовка

Секогаш кога варам пченка, ни останува некое парче, па потоа барам идеи како да го искористам. Овој пат го комбинирав во свежа салата.
Сите состојки (освен пченката) ги сецкаме на парчиња, додаваме зеленило - магдонос, босилек, и други зачини. Кој си е љубител на лутко, може и едно пиперче сецкано да си додаде.
На здравје!