Испечати

Плескавици од тиквички и чиа семе

Плескавици од тиквички и чиа семе

Состојки

  • 2 средни тиквички (рендани)
  • 2 моркови (рендани)
  • 2 лажици чиа семе
  • 1 јајце
  • 1 лажичка мешан сув зачин (+ копар, оригано, лук во прав)
  • 2 лажици презла
  • 2 лажици брашно

Подготовка

Малку збогатени тиквички, штом е сезона, мора, нели, да се експрементира =)
Тиквичките ги рендаме на крупната страна од рендето, ги посолуваме, па ги оставаме половина час, да се исцеди водата од нив. Потоа ги замешуваме сите состојки заедно, и оставаме пак околу 20 мин, да набубри чиа семето.
Од смесата формираме плескавици и ги пржиме во загреана тава, на средна температура.
Доколку ви изгледа смесата дека е течна, додајте уште малку презла, а исто и кога ги формирате плескавиците, може малку да ги исцедувате, и не ги превртувајте додека убаво не се поруменат, зошто може лесно да се распаднат ако не се убаво испржени.