Испечати

Чили пица - брзо тесто со пециво

Чили пица - брзо тесто со пециво

Состојки

  • 200 гр бело брашно
  • 1 пециво
  • 1/2 кафена лажица сол
  • 1/2 кафена лажица шеќер
  • 100 мл густ јогурт
  • За одозгора
  • 3 лажици чили сос
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр овчо сирење
  • 100 гр чајна
  • оригано по потреба
  • чили во прав по потреба
  • 40 гр путер

Подготовка

Брза, превкусна чили пица

Подготовка

Во длабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте, а потоа додадете го јогуртот и замесете меко тесто, За да не ви се лепи тестото на рацете, може да додадете малку масло. Ова тесто нема потреба од стасување, веднаш се работи.

Од тестото развлечете кора во форма на круг и ставете ја во намрсена и набрашнета тава.
-Одозгора ставете чили сос, рендан кашкавал и рендано сирење, чајна, чили во прав, оригано и ситни коцки путер низ целата пица

Печите на 200 степени околу 20 мин.

Добар апетит