Чоколаден тарт со крем сирење и џем од малини
Состојки
- За тесто
- 100 гр путер
- 200 гр брашно
- 3 лажици шеќер во прав
- 1/2 лажичка мелен кардамом
- 1 жолчка
- 5 лажици ладна вода
- За чоколаден фил
- 200 гр чоколадо
- 250 мл слатка павлака
- 1 лажичка рум
- 2 лажици путер
- За фил со крем сирење
- 100 гр крем сирење
- 150 мл слатка павлака
- 100 гр мармалад/џем од малини
Подготовка
Тартов е превкусен...Хедонизам на дело...Навистина немам зборови колку беше вкусен, со прекрасно тесто и фил...
Подготовка
1. Ги соединуваме состојките за тесто, формираме топка и го оставаме во фрижидер на 1/2 час.
2. Го расукуваме во големина на тавчето за тарт ама да се распореди и во висина на ѕидовите од тавчето.
3. Го ставаме во намрсено и набрашнето тавче, го боцкаме со вилушка на дното и го печеме на 190 степени. Го ладиме.
4. За чоколадниот фил ги ставаме павлаката и путерот да се загреат до вриење, па го растопуваме чоколадото во нив. Додаваме рум, промешуваме и филот го оставаме малку да подизлади.
5. Го истураме врз печеното тесто и го оставаме да се стегне.
6. Крем сирењето, слатката павлака ги матиме до соединување (кратко) па го додаваме мармаладот и промешуваме со лажица.
7. Смесата ја ставаме во шприц со кружен додаток и правиме декоративни топчиња врз чоколаднот фил.