Брза грахам пица

Состојки
- За тесто
 - 200 гр грахам брашно
 - 125 мл вода
 - 1 пециво
 - 2 лажици масло
 - 1/4 лажичка сол
 - Додатоци
 - 2 полни лажици ајвар
 - 100 гр свежи печурки шампињони
 - 100 гр сушена шунка
 - 100 гр кашкавал
 - прстофат оригано
 
Подготовка
Брза пица ...Оваа доза е за една пица, за едно многу гладно лице или за двајца евентуално...Заситува бидејќи е со грахам брашно...
Подготовка
1. Сите состојки за тестото ги ставаме во еден сад и ги соединуваме во средно меко тесто.
2. Тестото го расукувамево големина на тавата за пица.
3. Посипуваме брашно и го ставаме тестото.
4. Размачкуваме ајвар, ставаме сечкана шунка и печурки, распоредуваме кашкавал и посипуваме со оригано.
5 Ја печеме во добро загреана рерна на 300 степени на најдолната решетка.