Пирошки од палачинки

Состојки
- За палачинките
 - 2 Јајца
 - 200мл Млеко
 - 200мл Вода (обична или газирана)
 - 250-300гр Брашно
 - За полнење на палачинките
 - 150гр Кашкавал
 - 150гр Шунка
 - За поховање
 - 2 Јајца
 - нек.лажици Лебни трошки
 
Подготовка
Брзи, лесни, вкусни..... и за правење и за јадење.
Најпрво ја правиме смесата за палачинките, со миксирање на состојките.
Потоа ги пржиме палачинките, па ги полниме по желба, јас со шунка и кашкавал.
Ги поховаме прво во јајце, па во лебни трошки, и ги пржиме во загреано масло.
Ги вадиме врз салфета, за да се впие вишокот од мрснотијата.