Брзи проја мафини со семиња
Состојки
- 1 чаша царевно (пченкарно) брашно
- 1 чаша пченично брашно
- 3 лажички пециво
- 2 лажички шеќер
- 1 лажичка сол
- 2 лажици микс семиња од Натура
- 1/3 чаша масло
- 1 јајце
- 1 чаша млеко
- по потреба семиња за одозгора
- чаша = 200 мл.
Подготовка
1. Рерната ја пуштаме на 190 степени.
2. Во сад ги ставаме брашната и пецивото, ги просејуваме заедно.
3. Ги додаваме шеќерот, солта и семињата, мешаме со лажица.
4. Потоа го ставаме јајцето, маслото, млекото и со лажицата мешаме убаво.
5. Дупките од калапот за 12 мафини ги премачкуваме со маргарин, и во секоја дупка ставаме по 1 лажица од тестото кое е точно за 12 мафини.
6. Одозгора посипуваме со семиња и печеме околу 20 минути.