Испечати

Солен куглоф со магданос и сирење

Солен куглоф со магданос и сирење

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 1лажичка сол
  • 100мл. масло
  • 150мл. јогурт
  • 9лаж. брашно
  • 200гр. сирење
  • 1/2 китка ситно сецкан магданос или 5 лажици сув
  • по желба може шумка,маслинки...

Подготовка

Подготовка

Прво изматете ги јајцата, па додадете ги маслото и јогуртот, па убаво промешајте.
Потоа додадете ги исечканите намирници и брашното помешано со прашок за печиво.

Калапот за куглоф намастете го и набрашнете го, јас додавам и сусам. Потоа излејте ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени и печете околу еден час или додека убаво да се испече.

На здравје!!