Лимонада од 4 овошја
Состојки
- 2 портокали
- 1 лимон
- 1 круша
- 1 праска
- 1л вода, флаширана
- коцки мраз по желба
- ливчиња жалфија
- 1лажица мед
Подготовка
Во бокал налеваме вода, додаваме мед, ливчиња жалфија.
Лимонот и портокалите ги цедиме и нив течноста ја додаваме во бокалот.
Во чашата на нутрибулет ги соединуваме праската и крушата.
и нив ги додаваме во бокалот.
Оставме лимонадата со овошки да одстои во фрижидер 1 час.па ставаме коцки мраз и послужуваме.