Чоко фантазија
Состојки
- 5 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 6 лажици вода
- 6 лажици млеко
- 6 лажици масло
- 2 лажици какао
- 1 пециво
- 1 ванила
- Шербет
- 250 мл вода
- 5 лажици шеќер
- Глазура
- 250 мл слатка павлака
- 300 гр чоколадо
Подготовка
1.Се матат јајцата заедно со шеќерот. Потоа се додаваат постепено останатите состојки. Се печи во долго длабоко плехче 20Х30см. на 200С-25мин.
2. Кога ќе олади се прелива со шербетот и се остава да олади.
3. Во друг сад се топли слатката павлака и се додава во неа искршената чоколада. Убаво се меша и се истура глазурата врз оладениот колач.На здравје!!!