Испечати

Пита со нектарини и ореви

Пита со нектарини и ореви

Состојки

  • За тесто
  • 180 гр бело брашно
  • 2 супени лажици мелени ореви
  • 150 гр шеќер
  • 50 мл вода
  • 170 гр путер
  • 200 гр гриз
  • 1 пециво
  • За фил
  • 5 зрели нектарини
  • 2 полни лажици мелени ореви
  • 1 лажица шеќер во прав

Подготовка

Подготовка

Во длабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте со лажица, а потоа додате ги растопениот путер и водата. Замесете тесто, треба да биде меко.
-Тестото поделете го на два дела

Нектарините изрендајте ги и промешајте ги со мелените ореви

Едниот дел од тестото распоредете го во набрашнета тава за печење. Одозгора ставете го филот, а врз филот ставете го другиот дел од тестото.

Печите во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Кога ќе излади, ставете одозгора шеќер во прав.

На здравје!