Вишна десерт во чаша
Состојки
- 2,3 мини ролатчиња на винчини, со вкус на вишна
- 1 овошен јогурт од вишна, 180 мл
- 2лажици кисела павлака
- 1лажица шеќер во прав
- 1лажиче рамно желатин
- 1лажица вода
- кандирани вишни.ливчиња маточина
Подготовка
Прво во мал сад го ставаме желатинот и водата, за да набабри.
Во еден сад ги соединуваме кратко со миксер, овошниот јогурт од вишни, киселата павлака, шеќерот во прав.
Тука го додаваме и желатинот, кој сме го растопиле на многу тивок оган.
Мини ролатчињата ги сечиме на мали парченца, широки по 1 цм.
На дното и по страните на чашите ставаме од парченцата.
Чашите ги полниме со крем.
Ставаме кандирани вишни, ливчиња маточина и парченце од ролатчето.
Оставаме во фрижидер 1 час, па послужуваме.