Мини палачинки
Состојки
- 1 јајце
- 3 лажици шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 5 лажици стопен путер
- 200 мл млеко
- 8 лажици брашно
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- Додатоци/ џем од јагоди,лешник крем....
Подготовка
Меки,воздушести и превкусни се палачинкиве...
Јајцето го матиме со шеќерите,и ги додаваме течните состојки.
На крај го додаваме брашното со печивото и убаво мешаме.
Оставаме смесата да одмори околу 10 минути.
Пржиме на тавче за палачинки,малку намастено.Ставаме по околу една третина кутлача и по една до две минути пржиме на среден оган од двете страни.
Ние обично ги јадеме со џем од јагоди или лешник крем.