Испечати

Солен кекс со праз, магдонос и морков

Солен кекс со праз, магдонос и морков

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 филџан масло (не сосем полн до врв)
  • 1 филџан јогурт
  • 1/2 лажичка сол
  • малку оригано
  • 1 филџан праз (ситно сечкан)
  • 2 раце магдонос (сечкан)
  • 1 морков (ситно изрендан)
  • 1 пециво
  • 6 лажици брашно
  • по потреба сусам

Подготовка

1. Рерната ја пуштаме на 200 степени.
2. Во сад ги ставаме јајцата, маслото, јогуртот, солта, ориганото, матиме со жица.
3. Го додаваме празот, магдоносот и морковот, мешаме.
4. Го ставаме брашното кое сме го просејале заедно со пецивото, мешаме со лажица.
5. Смесата ја тураме во намрсено и набрашнето тавче бр.26.
6. Посолуваме сусам одозгора, печеме 25 минути.