Испечати

Тиквички со јајца и сирење

Тиквички со јајца и сирење

Состојки

  • 400 гр. тиквички
  • 100 гр. тврдо сирење или жолто сирење
  • 140 гр. брашно
  • 100 гр. кромид
  • 3 јајца
  • 50 мл. масло
  • 1 лажичка пециво
  • на вкус сол, бибер, магдонос, копар

Подготовка

Подготовка
- Измешајте во сад брашното, пецивото, солта и зачинките.
- Пенесто изматете ги јајцата, додадете го маслото - уште еднаш промешајте.
- На едрата страна од рендето изрендајте ги нелупени тиквичките, сирењето кромидот, па сето ова додадете кај добиената смеса од сматените јајца. Измешајте, додадете го подготвеното брашно - измешајте за да се сите состојки спојат.
- Одберете сад во кој ќе печете, постелете ја со хартија за печење, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 мин.
Овде слободно можете да доддете и 1-2 рендани морковчиња.