Солени мафини со блитва и сирење
Состојки
- 2 јајца
- 1лажиче сол
- 1/4лажиче свежо мелен бибер
- 150мл јогурт
- 80мл масло
- 1 пециво
- 10 лажици брашно
- 80гр дробено бело сирење
- 8-10 листови блитва
- сусам
Подготовка
Прво на листовите блитва им ги вадиме средишните, задебелени делови, ги миеме и кратко ги бланшираме.
Оставаме да се исцедат од водата и да се изладат.
Во вангличка ги ставаме јајцата, сол, бибер и матиме до побелување.
Со исклучен миксер додаваме масло, јогурт, пециво, брашно, дробено сирење и сецкана блитва.
Убаво ја соединуваме цела смеса.
Ја распоредуваме во 12 калапи за мафини.
Посипуваме со сусам и печиме околу 25 минути во загреана рерна.
Оставме малку да се изладат, па сервираме со чаша јогурт.