Десерт со малини (без печење)
Состојки
- Подлога
- 250 гр. бисквити (мелени)
- 100 гр. ореви (мелени)
- 250 мл. слатка павлака (нематена)
- Фил со малини
- 300 гр. малини
- 3 лажици шеќер
- 200 мл. вода
- 1 ќесичка пудинг од шумско овошје
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 ќесичка желатин + 3 лажици вода
- Бел фил
- 250 мл. слатка павлака
- 3 лажици кисела павлака
- 1 ќесичка желатин + 3 лажици вода
- За декорација
- 50 гр. шлаг пена
- 60 мл. млеко (ладно)
- по потреба малини
Подготовка
1. Во сад ги ставаме состојките за подлогата, месиме со рака до убава мазна смеса, ја распоредуваме во калап ( 26 см.) со страни кои се вадат, на подлогата која претходно е посолена со мелени бисквити. Го ставаме во фрижидер.
2. Желатинот (првата ќесичка) го ставаме со 3 лажици вода да набабри.
Во тенџере ги ставаме малините, шеќерот и водата, вариме 5-6 минути откако ќе зоврие, го тураме прашакот за пудинг кој претходно го измешавме со ванилиниот шеќер и малку вода.
3. Вариме да се згуснат малините, го тргаме тенџерето на страна, го ставаме желатинот мешајќи да се стопи. Истураме во калапот врз кафеавата подлога и пак го ставаме во фрижидер.
4. Кога ќе се стегне делот со малини, почнуваме со подготовка на белиот фил.
Желатинот (втората ќесичка) ја ставаме со 3 лажици вода да набабри.
5. Ја матиме слатката павлака, потоа ја додаваме киселата павлака, матиме, а после го додаваме набабрениот желатин (стопен) и матиме со миксерот.
6. Овој фил го нанесуваме рамномерно над малинестиот дел и го ставаме во ладилник 1-2 часа.
7. Тортата ја ставаме на чинија, внимателно ги отсрануваме страниците од калапот, го матиме шлагот со млекото и декорираме по желба.