Испечати

Брауни во шолја (Mug brownie)

Брауни во шолја (Mug brownie)

Состојки

  • 1 јајце
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици какао

Подготовка

Едно благце, сочно и вкусно, кое можи да се подготви инстантно без особен напор и време, а страстите за нешто благо и чоколадно можите солидно да ги задоволите.

Во шолја го разматуваме јајцето со шеќерот, па додаваме масло и на крај брашно и какао.
Се убаво се меша и се става во микробранова на најсилно 1 минута. Ако сметате дека не ви е силна доволно микробрановата пуштете го уште еднаш на 30 секунди.
И веќе имате готов чоколаден колач!