Тулумби со ладен шербет и ладно масло
Состојки
- Шербет
- 900гр Шеќер
- пола Лимон (сокот)
- 700мл Вода
- Тесто
- 400мл Вода
- 1г.л. Зејтин
- 1м.л. Шеќер
- на врвот од лажичката Сол
- 350гр Брашно
- 4 Јајца
- За пржење
- 1 литар Зејтин
Подготовка
Одамна ги мислев, неколку пати ги правам, ама не дочекаа сликање хаха...за да го споделам со вас рецептот, сега им дојде и нив редот, однадвор крцкави, внатре сочни ммм
Повелете рецепт
1. Најпрво се подготвува шербетот (можете одвечер) од наведените состојки, притоа треба од кога ќе зоврие, да врие уште 15-20 минути.
2. Тестото се подготвува со зовривање на водата, зејтинот плус шеќерот и сол, па потоа веднаш го додаваме брашното, мешаме со дрвена лажица додека добиеме компактно тесто, кое го доработуваме со месење, остинува тестото па ги додаваме јајцата едно по едно со миксирање до добивање на еднолична леплива смеса.
3. Смесата ја полниме во шприц и ги пржиме тулумбите во ладен зејтин, па вклучуваме на средна температура.
4. Готовите тулумби ги ставаме во шербетот, нека постојат 1-2 минути во него и ги вадиме во некој сад.
Совет плус
- Шербетот треба да биде погуст, скоро како мед.
- Додека ги вадите првата тура тулумби, зејтинот тргнете го настрана да олади.
- Се пржат на тивко, и се додека не почнат да добиваат боја не ги вртиме воопшто.