Изворна македонска салата
Состојки
- 2 домати
- 3 поголеми благи печени, лупени и исечени пиперки
- половина мала главица сечкан кромид
- 2-3 маслинки
- маслиново масло , малку киселина и сол
Подготовка
Оваа македонска салата ја има на менито на секој ресторан кај нас, отсекогаш сум мислела дека шопската е таа кога е наша изворна салата, но оваа е брендирана и со име и е позната и надвор од Македонија, особено во дијаспората.
Подготовката е едноставна и вака припремена, може да ви замени и оброк ако ја комбинирате со сиренце.
Прво испечете ги пиперките, излупете ги и исечете ги на парчиња и ставете ги во подлабок мал сад.
Доматите исечкајте ги и додадете ги, исто така и кромидот.
Додадете некоја маслинка, посолете, ставете малку маслиново масло и оцет, промешајте нежно и салатата е спремна за јадење.
На здравје