Испечати

Необичен колач со вишни и палента

Необичен колач со вишни и палента

Состојки

  • 1 чаша палента
  • 1 чаша бело брашно
  • 2 чајни лажички пециво
  • 1 чајна лажичка сода бикарбона
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 чаша кисела вода
  • 1/3 чаша масло
  • 1 чаша вишни без семки

Подготовка

Експериментирав со состојки па го создадов овој сладок колач со палента и вишни...

Подготовка
1. Ги одмеруваме сувите состојки и ги соединуваме во садот во кој ќе ги мешаме со останатите.
2. Ги додаваме мокрите состојки и мешаме со лажица да се соединат.
3. Смесата ја истураме во мала ростер тава која сме ја намрсиле и набрашниле.
4. Колачот го печеме во загреана рерна на 180 степени.
5. Поради ровкоста на колачот чекаме да се излади па да го сечеме.
6. Го посипуваме со шеќер во прав и сервираме.