Пралини со јагоди
Состојки
- 100гр Чоколадо
- 3г.л. Зејтин
- 200мл. слатка павлака
- нек.лажици Крем ( бел )
- по потреба Јагоди
Подготовка
Начинот на подготовка на пралините е едноставен и брз...
1. Најпрво го топиме чоколадото со 3г.л. зејтин на пареа.
2. Потоа ги премачкуваме калапчињата со растопеното чоколадо, ги оставаме малку во замрзнувач, па пак ги премачкуваме уште еднаш.
3. Ја матиме слатката павлака и ја соединуваме со кремот како фил.
4. Ги полниме со филот од изматена павлака и крем, ја ставаме јагодата и дополнуваме со филот.
5. Ги премачкуваме со растопено чоколадо и оставаме да се стегнат во замрзнувач, па ги вадиме од калапчињата.