Ананас коцки(без печење)
Состојки
- 4 пудинга од чоколада
- 6лаж. шеќер
- 1литар млеко
- 250гр. маскарпоне
- 250гр. слатка павлака
- 250гр. шеќер во прав
- 400гр. пишкоти
- 1 голема конзерва ананас
- малку кокос по желба
Подготовка
Подготовка
За почнуваме со подготовка на филот. Во зовриеното млеко го подготвуваме пудингот. Оставаме да се излади. Во изладеното млеко го додаваме матеното маскарпоне со слатката павлака и шеќер во прав. Двата фила ги соединуваме во филот го додаваме сецканиот ананас.
Пишкотите ги натопуваме во сокот од ананас и редиме во тава. Врз пишкотите сипуваме еден дел од филот повторно редиме пишкоти и на крај завршуваме со кремот. Тортата ја оставаме да се излади преку ноќ во фрижидер. Декорираме со кокос и сецкан ананас.
На здравје!!!