Сладолед од боровинки со кора од лимон
Состојки
- 300 мл слатка павлака
- 80 гр шеќер во прав
- 100 гр засладено кондензирано млеко
- 100 гр боровинки
- 100 гр кисела павлака
- кора од 1/2 лимон
Подготовка
Киселата павлака, боровинките и половина од кондензираното млеко ги блендираме.
Ги соединуваме шеќерот во прав, слатката павлака, блендираните боровинки, остатокот од кондензираното млеко, како и кората од лимон и матиме со миксер.
Кога ќе ни се волуменизира смесата, ја истураме во сад и ја одложуваме во замрзнувач.