Испечати

Јаготки

Јаготки

Состојки

  • 1 шола мелени ореви
  • 1 шола мелени бисквити
  • 1 шола шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 1 екстракт од јагода
  • 1/2 лимон цеден
  • 100 гр шеќер кристал за посип

Подготовка

Прво се мешаат сувите состојки, па се додават и останатите.
Добро се измесува смесата.
Се кинат парчиња (малку помали од орев) и се оформуваат јагодите - види фото.
Потоа се валаат во кристал шеќер и се украсуваат со зеленило.
Јас искористив мали детелинки, а може и листови од жива ограда, украси, зелено желе... се зависи до вашата фантазија.
Ако сакате да ги правите за свечени прилики ќе ви треба дупла доза. Не се многубројни, но се мноооооогу вкусни.
Добар апетит!