Турски симит кифли
Состојки
- 2 јајца
- 1/2 чаша млеко
- 1/2 чаша масло
- 3 и 1/2 чаша брашно
- 2 лажици путер
- 1 сув квасец (10 гр)
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- За сладок раствор
- 2 лажици маџун
- 6-8 лажици вода
- За валкање
- 100 гр сусам
- За полнење
- 100 гр сирење
Подготовка
Вкусно и помалку крцкаво тесто налик на ѓеврек...кај мене полнети со рендано биено сирење...
Подготовка
1. Замесуваме тесто со сите наведени состојки, со млака вода и млеко и го оставаме да се дуплира, да стаса.
2. За тоа време ги подготвуваме тавите, рендаме сирење и го раствораме маџунот во вода. Во еден сад ставаме сусам.
3. Откако тестото ќе стаса кинеме од него парчиња од кои формираме топчиња. Секое парче го расплескуваме во круг и му ставаме во средина рендано сирење. Ги превиткуваме на половина, ги затвораме убаво, цврсто, како чамчиња.
4. Секоја кифла ја потопуваме во растворот од маџун и вода, па ја валкаме во сусам.
5. Ги редиме во намрсено тавче или на хартија за печење, со долната страна на спојот и ја вклучуваме рерната на 200 степени.
6. Ги засекуваме на површината со нож па ги печеме додека да поцрвенат.
Забелешка
Чашата е од 250 мл или 1 кап.