Лесен овошен колач
Состојки
- 1 кг праски сечени на кришки
- 2 јајца
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша јогурт
- 2 чаши брашно
- 1 лажиче прашок за пециво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 100 мл масло
- шлаг или шеќер во прав за одозгора
Подготовка
Праската е едно од најдобрите овошја за летни десерти. Исто така ги сакам и црвените овошки како јагодите и малините, но заради нивната мекост и нежност, почесто употребувам праски кои не ја губат формата после печење. Овој колач можи да се подготви и со јаболка, само горе посипете и малку цимет.
Подготовка
Измтете ги шеќерот и јајцата со миксер, потоа додадете јогурт, масло и на крај брашното измешано со прашокот за пециво. Добро измешајте и истурете ја смесата во кружна тава бр.26 обложена со хартија за печење или намастена.
Печете 7-8 минути на 175 степени, а потоа извадете ја тавата и наредете ги парчињата праски одозгора
Додадете ванилин шеќер врз праските и вратете ја тавата да пече уште 40тина минути.
Извадете ја тавата и оставете колачот да се излади, а потоа пренесете ја на соодветна чинија за сервирање.
Посипете шеќер во прав или шлаг одозгора. Јас обично декорирам со шлаг, овде употребив белки и шеќер за премачкување одозгора.