Сладолед торта со банана, ореви и чоколадо
Состојки
- Фил
- 100 мл кондензирано млеко
- 50 мл млеко 3,5 масленост
- 1 паковка сладолед во прав од чоколадо
- 4 лажици шеќер
- 1 свежа банана
- 50 гр мелени ореви
- 1 ред млечно чоколадо
- Пандишпан
- 3 јајца
- 7 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 3 лажици масло
- 1 пециво
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици мелени лешници
- 50 мл млеко за потопување на пандишпан
Подготовка
Сочна, брза и превкусна.
Подготовка
Прво, подгответе го филот
-Во длабок сад ставете го сладоледот во прав, кондензираното млеко, обичното млеко и шеќерот. Можете да додадете и 2 лажици какао, за појак вкус. Изматете убаво со миксер и ставете во замрзнувач малку да стегни додека го приготвувате пандишпанот.
Пандишпан
-Изматете ги белките во цврст снег, па додавајте го постепено шеќерот. Потоа, додадете ги жолчките и продолжете со матење.
Додадете го маслото, просеаното брашно со пециво и ванилата. На крај додадете ги и мелените лешници и промешајте
- Смесата, ставете ја во тава обложена со хартија за печење и печите на 200 степени околу 10-15 мин.
-Пандишпанот потопете го со млеко и поделете го на два дела.
Врз едниот дел ставете од сладоледот, а врз него изрендајте ја свежате банана, додадете мелени ореви и сецкано чоколадо. Одозгора, ставете уште еден слој од сладоледот, па ставете го другиот дел од пандишпанот.
- Тортата филувајте ја со остатокот од сладоледот и декорирајте по желба.
На здравје!