Совршени брауни со тиквичка
Состојки
- 300 гр лупена тиквичка
- 180 гр мед
- 100 гр црно чоколадо со 70 % какао
- 160 гр овесни снегулки
- 150 гр путер од кикирики
- 1/2 пакетче пециво
- 60 мл млеко
- 60 гр какао
Подготовка
1. Тиквичката ја рендаме, ја оставаме 1 час во цедалка да се исцеди од вишокот течност.
2. Овесните снегулки во блендер ги блендираме како брашно. Чоколадото го сецкаме на мали коцки
3. Во длабок сад ги ставаме овесните снегулки, медот, путерот од кикирики, тиквичката, млекото и какаото. Промешуваме. Со рачен блендер ја блендираме смесата, да се добие убава хомогена смеса. Го додаваме пецивото и 2/3 од сецканото чоколадо. Промешуваме со лажица.
4. Смесата ја ставаме во правоаголна тава обложена со хартија за печење. Одозгора го ставаме преостанатото чоколадо. Печиме во загреана рерна на 180 степени 40 минути.
* јас користам домашен путер од кикиритки, без додаток на засладувач. Доколку ставате купечки тогаш може да ја намалите количината на мед, да не биде преблаго
* димензиите на тавата се 23x30