Испечати

Куглоф со лимон

Куглоф со лимон

Состојки

  • 400гр брашно
  • 3 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 250мл јогурт
  • 1лажичка сода бикарбона
  • 150гр боровинки

Подготовка

Освежителен и многу вкусен на кој многу ќе му одолеете.
Колач кој е погоден за овој летен период...

Лимонот исцедетего и додадете ги јајцата па со миксер изматете убаво. Додадете го шеќерот и изренданата кора од лимоните. Потоа додадете го јогуртот и се убаво измиксајте. Брашното просеано и помешано со сода бикарбона и прашокот за пециво додадете го на крај и измешајте со лажица. Додадете ги боровинките ,измешајте убаво и претурете во калап предходно премачкан со маргарин.
Печете на 200 стенени околу 30 минути.
За декорација користев исечкани лимони варени во шербет.
Добар апетит.