Путер колач со вишни
Состојки
- 50 гр вишни ичистени од семка
- 50 гр растопен путер
- 2 јајца
- 1 чаша млеко или јогурт по желба
- 1 прашок за пециво
- 6 лажици кафеав шеќер
- 1 чаша брашно
Подготовка
Колач кој нема да ве остави рамнодушни. Превкусен и лесен со киселкаст вкус од вишни совршен за секоја пригода. Брзо се приготвува најпогоден за брзи (ненајавени) гости.
Јајцата и шеќерот изматете ги убаво со миксер или рачно во длабок сад па додадете ги сувите состојки. Одкако ќе се соедини убаво додадете го млекото или јогуртот па на крај растопениот путер.
Печете на 200 степени 25 минути.
Проверете за секој случај со чепкалка.
Добар апетит.