Брз ароматичен колач
Состојки
- 5 полни лажици брашно
- 2 лажици сладолед во прав од јагода
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 5 лажици шеќер
- 140 мл млеко
- 1 ред чоколадо
Подготовка
Многу брз и многу вкусен колач.
Подготовка
- Вклучете ја рерната на 200 степени
- Во еден сад измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете го млекото и убаво промешајте со лажица, да нема грутчиња.
-Смесата ставете ја во калап, а одозгора ставете многу мали коцки чоколадо.
- Печите на 200 степени околу 10-15 минути
На здравје