Сладок колач (леб од пекач)
Состојки
- 30 мл вода
- 7 јајца
- 8 лажици шеќер
- 8 лажици масло
- 420 гр брашно
- 7 гр сув квасец
Подготовка
Ставете ја најпрво водата во намастениот калап на пекачот.
Јајцата со вилушка разматете ги заедно со шеќерот и маслото додека се соединат состојките, па истурете ги врз водата.
Брашното ставете го одозгора, а во средината ставете го квасецот посипан со брашно да не допира со течните состојки.
Изберете програма за колачи и испечете го слаткиот леб.
Овој е основниот рецепт, но на истиот можи да додавате чоколадни капки и јаткасти овошја или слично за да го направите побогат.