Испечати

Смути со вишни

Смути со вишни

Состојки

  • 200 гр вишни
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажица суво грозје
  • 2 листа нане
  • околу 100 мл вода

Подготовка

Како е сезона на вишни, а мене ми се киселки и не ги сакам свежи да ги јадам, ова е најдобриот начин да ги внесам во организам. Вака ми се ептен вкусотија...

Овој пат ги подготвив во Мултифреш вакуум екстракторот со тоа што од вечер си исчистив поголема количина на вишни, ги изблендирав на вакуум блендерот и изутрината си пиевме сите смути. Напишаната доза е од око, подгответе си го по ваш вкус...
Сите состојки ги ставаме во чашката, затвораме и вклучуваме на вакумирано блендирање... Најинтересниот момент кај овој апарат ми е кога гледам придвижување на состојките кога ќе вакумира... А бе неверојатен е! На здравје!